Проглас

први мај постерРаботници, граѓани, синдикалисти и синдикати, Координативното тело  на Повелбата за солидарност на синдикатите и организациите за заштита на работничките права во Македонија ве повикува да ни се придружите со поддршка и присуство во одбележувањето на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот.

Соочени со реалноста на секојдневно газење на правата и достоинството на работниците и континуирано менување на законските одредби на нивна штета, под единственото мото РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЕКОНОМСКО РОБЈЕ! Ве повикуваме заеднички:
–    да им ПОРАЧАМЕ на надлежните институции: А) ЗАСЛУЖУВАМЕ ДОСТОИНСТВЕНИ ПЛАТИ! Наводната регулатива за минималните плати штотуку донесена а веќе не се почитува, додека Трудовиот инспекторат е селективен во својата работа; Б) ДА ГО ОСЛОБОДИМЕ ШТРАЈКОТ! Целосна ревизија и либерализација на македонската законска норматива за Штрајкот кој станува се’ повеќе невозможен облик на дејствување; и В) ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ИЗВОРИТЕ НА СИНДИКАЛИЗМОТ! Повеќегодишната симулација на синдикализам во претходниот систем сега се соочува со исто толку страшно задушување на синдикалните и воопшто работничките права; неопходно е да се вратиме на автентичните цели и средства на синдикализмот во функција на враќање на достоинството на македонскиот работник.
Имајќи предвид дека овие Првомајски манифестации ги планираме во период кога се одвиваат избори како за Претседател на Републиката така и парламентарни избори, значи во услови кога не се знае кој и каква Влада ќе состави по изборите, целосно независно од исходот на изборите ние, потписниците на СИНДИКАЛАНТА ПОВЕЛБА  ќе и’ ги истакнеме на која и да е влада следниве Б А Р А Њ А:
Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите! Поради ова, потребно е:
– да се изедначи минималната плата во сите сектори не во 2018, туку во 2014 година;
– работодавците за кои ќе се утврди дека не исплаќаат минимална плата директно да се казнуваат со парични казни, а не да добиваат покани за едукација.
Ослободување на правото на штрајк од законските стеги! Во врска со правото на штрајк треба:
– укинување на постапката за помирување со која се условува отпочнувањето на штрајкот;
– правото на организирање штрајк, покрај синдикатите, повторно да го имаат и самите работници.
Правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија! Затоа, е потребно:
– промени во законската и подзаконската регулатива, како и во однесувањето на надлежните органи со цел да не се одолговлекува до недоглед процесот на регистрирање на синдикатите;
– Владата, преку сопствено и дејствување на нејзините институции, да го обезбеди почитувањето и да го гарантира правото на синдикално организирање.
Уверени сме дека само преку заедничка соработка и борба на сите синдикати и прогресивни сили во Македонија можеме да ги запреме негативните трендови во трудовото законодавство и отворените анти-синдикални активности кои ги влошуваат условите за работа на сите работници во сите сектори, независно од нивната партиска, национална или каква било друга припадност. Затоа немаме дилема дека 1 Мај треба да го чествуваме така што ќе  го дигнеме гласот за поголеми права, подобри услови за работа и достоинствени плати и Ве повикуваме да ни се приклучите. Само така ќе го вратиме значењето на Први мај како ДЕН на работниците во целиот свет кои ги поврзува заемна солидарност.

Координативно тело на Синдикалната повелба
Самостоен синдика на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)  , Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ )Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, ДСП ЛЕНКА и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: