ССНМ стана член на Меѓународната федерација на новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) стана член на Меѓународната федерација на новинари (International Federation of Journalists). Одлуката, како што сме официјално информирани, ја донел извршниот комитет на организацијата на состанокот што се одржал на 19 март во Брисел. ССНМ е примен во придружно членство. Статусот на придружна членка на ССНМ му ги овозможува сите услуги што ги нуди Меѓународната федерација на новинари, освен правото да гласа на конгресите кои се оддржуваат на секои три години. Тоа значи дека синдикатот ќе може да побара секаков професионален совет од федерацијата, членовите преку ССНМ ќе може да побараат членска книшка, а ќе може да се аплицира и за дополнителни обуки поврзани со медиумите. Меѓународната федерација на новинарите (www.ifj.org ) e најголема организација на новинари во светот, односно преставува околу 600 000 членови од повеќе од 100 земји.

Основачкото собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се одржа на 12 ноември во Скопје, а официјалниот процес на регистрација заврши во декември.

1 Responses to ССНМ стана член на Меѓународната федерација на новинари

  1. Suzana напиша:

    Честито ССНМ!
    Иако е само мал за нас, тоа е ГОЛЕМ чекор за новинарите и медиумските работници во Македонија! Само напред!

Напишете коментар