ООН ги повика сите Влади да обезбедат слобода на медиумите

Мај 2, 2011

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на слободата на печатот на 3 мај, Обединетите нации ги повикаа сите влади да ја обезбедат и промовираат слободата на изразувањето преку аудио, печатени, визуелни и онлајн медиуми.
Во заедничката порака на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, на Високиот комесар за човекови права Нави Пилај и генерален директор на УНЕСКО Ирина Георгиева Бокова се истакнува дека во текот на последната деценија, повеќе од 500 новинари го загубија животот во извршувањето на нивната професија.
“60 убиствата биле пријавени во светот само во 2010 година.. Секоја недела пристигнуваат се повеќе извешати за новинари и блогери кои страдаат од заплашување и од насилство.
“Прекршувањата на основните човекови права не смеат да поминат без одговор. Државните органи мора да стора сé за да се спротивстават на казнувањето и да ги заштитат новинарите “, се вели во пораката. Шефовите на ОН, УНХЦР и на УНЕСКО рекоа дека медиумска револуција отвара нови дебати за слободата на изразувањето, за регулацијата и рамнотежата помеѓу изразувањето и одговорноста.
“Обединетите нации се посветени на тоа да осигураат интернетот да стане навистина глобален и јавен ресурс, до кој сите ќе имаат пристап и каде што ќе се слушнат сите гласови . Ова ја нагласува важноста на квалитетот на содржината и потребата од акција за да се одбранат интегритетот и безбедноста на онлајн новинарите“
Во соопштението се нагласува дека сите принципи на слободата на изразувањето мора да се однесуваат и на онлајн медиумите.


Јакнење на ССНМ со помош на МФН и ЗНМ

Април 29, 2011

Меѓународната федерација на новинарите по апликација поднесена  минатата година одобри проект за ЗНМ  за формирање на Синдикат на новинарите во Македонија. Со оглед на тоа што  ССНМ веќе е формиран Здружението на новинарите во консултација со МФН и со нивно одобрение реши средствата од тој проект да бидат ставени на располагање на Синдикатот. Станува збор за помош во изработка на  веб страна, тренинг на новинари и пропаганден матерјал на ССНМ. Проектот ќе го спроведува проект координаторот на ЗНМ и треба да стартува во јуни.


Кажете „НЕ“ за присвојувачките договори, барајте колективни договори

Април 22, 2011

Медиумските компании се повеќе ги присвојуваат правата на работниците. Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) е загрижена за тоа што трендот кај медиумските компании за присвојување на правата и користењето на договорите е во пораст. Неодамнешниот развој во големите медиумски организации, вклучувајќи ги и интернационалните новински агенции Agence-France-Press (AFP) и германскиот издавач Bauer, покажува дека новинарите се соочуваат со проблеми во остварувањето на своите права. Во март, Европската Федерација на новинари (EFJ) почна со кампања за протест против овие договори.
Проблемот во присвојувачките договори е тоа што во нив од новинарите често се бара ( спротивно на меѓународните ии националните права) да се откажат од своите авторски права, вклучувајќи ги и економските и моралните права. Со овие договори се бара од новинарите:
– Да му отстапат на издавачот ексклузивно право на користење, репродуцирање, прикажување, менување и дистрибуирање на сработеното од новинарите во било каква платформа како во моментот така и во иднина;
– Да му дозволат на издавачот право на пренос на новинарскиот производ на трети страни без дополнителна доплата на авторот и да ја експлоатираат нивната работа на било кој начин за кој издавачот смета дека е потребен.
Протест против присвојувањето на авторските права
За да го одбележиме денот на авторските права на 23 Април, Синдикатот на новинари и медиумски работници заедно со Меѓународната Федерација на новинари се приклучи на кампањата на Европската Федерација на новинари. Ги повикуваме сите членки да протестираат против договорите со кои се намалуваат работничките права (присвојувачки договори) и да бараат фер плата за новинарите.
Како да се практикуваат авторските права на новинарите?
1. Информирање на новинарите за нивните права
Авторските права на новинарите се заштитени со меѓународните договори и националните закони. Овие права освен авторските (копирајтот на работата) ги вклучуваат и моралните права на авторот.
Економските права им даваат на новинарите моќ и ексклузивно право да го авторизираат користењето на својата работа и својот новинарски производ и да поставуваат договори на исплата и услови на заштита на различните начини на кои може да биде искористена нивната работа. Тие се гарантирани со Бернската Конвенција за заштита на литературната и уметничката работа и со WIPO повелбата за авторски права (WIPO Copyright Treaty).
2. Кажете „НЕ“ за присвојувачките договори, барајте колективни договори
Што губат новинарите ако потпишат вакви (присвојувачки )договори
Новинарите никогаш не треба да потпишуваат присвојувачки договори. Новинарите кои ги потпишуваат ваквите договори не само што го губат правото за користење на својата работа автономно, туку го губат (моралното) право за штитење на интегритетот на нивната работа.
Затоа ЕFJ ( Европската Федерација на новинари) посочува дека не треба да се потпишуваат договори кои содржат таква клаузула:
1. Сите авторски права во работата им припаѓа на авторите кои ги задржуваат своите ексклузивни права. Дозволата за објавување или емитување на работата ќе биде лимитирана само на првата публикација/емитување. Доколку не е потпишан посебен договор, рокот на дозвола за емитување ќе истече по одреден период, како што е пропишано со националниот закон по датата на испорака. Издавачот/ медиумскиот сервис не треба да прави копии без дозвола на авторот откако ќе заврши рокот на лиценцата.
2. Било каква модификација на работата ќе биде предмет на претходна авторизација од авторот.
3. Издавачот/ медиумскиот сервис се согласува дека следните податоци (име на авторот, дата) ќе бидат дел од секоја публикација или емитување на материјалот.

Поддржете ги нашите колеги во Франција со праќање на петиција до АФП и барајте да се повлечат договорите со кои се присвојувањаат туѓи авторски права.


ССНМ бара дијалог со МПМ

Април 19, 2011

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ССНМ, не е задоволен од начинот на комуникација со раководството на Медиа Принт Македонија, МПМ, во чиј состав се и изданијата „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“ и „ТЕА“ штo е во спротивност со претходно заеднички договорените позиции за функционирање на социјалниот дијалог.
„Според досегашниот тек на комуницирање, се има впечаток дека Синдикатот е изолиран од случувањата и е недоволно информиран за проблемите и состојбите кои ги засегаат вработените во весниците. Немаме ниту податоци дали има конкретни предлози во врска со статусот на „Утрински весник“ , се вели во дописот што го упативме до МПМ.
Синдикатот потсетува дека согласно член 94-а од Законот за работни односи, работодавецот има законска обврска за консултирање и информирање на работниците, особено кога станува збор за одлуки и промени од суштинско значење за нив.
ССНМ укажува дека е неопходна итна средба со раководството на МПМ или конкретна информација во писмена форма, пред да се донесе било каква одлука за изданијата на МПМ, а особено за „Утрински весник“.
Не сакаме да веруваме дека станува збор само за декларативна, а не суштинска конструктивност во започнувањето на социјалниот дијалог, стои во дописот упатен до менаџментот на МПМ.


МФН/IFJ:Работна програма 2010-2013

Април 13, 2011

Програмата за работа на Меѓународната федерација на новинарите 2010-2013 има за цел јакнење на синдикатите на новинарите и медиумските работници во целиот свет во врска со :
Синдикалните права •: Да се изгради капацитет на синдикатите за организирање и колективно преговарање во одбрана на правата на сите работници во областа на новинарството во сите медиуми и платформи
Етичките стандарди и слободата на печатот: Да се чува, негува и независното професионално и етичко новинарството како камен-темелник на демократијата и слободата
Безбедност и работните услови: • Да се заштити и да се брани безбедноста, работните места, работните услови и работничките права на сите оние кои работат во новинарството, без оглед на нивниот работен статус и безоглед на тоа што работат


ССНМ стана член на Меѓународната федерација на новинари

Април 6, 2011

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) стана член на Меѓународната федерација на новинари (International Federation of Journalists). Одлуката, како што сме официјално информирани, ја донел извршниот комитет на организацијата на состанокот што се одржал на 19 март во Брисел. ССНМ е примен во придружно членство. Статусот на придружна членка на ССНМ му ги овозможува сите услуги што ги нуди Меѓународната федерација на новинари, освен правото да гласа на конгресите кои се оддржуваат на секои три години. Тоа значи дека синдикатот ќе може да побара секаков професионален совет од федерацијата, членовите преку ССНМ ќе може да побараат членска книшка, а ќе може да се аплицира и за дополнителни обуки поврзани со медиумите. Меѓународната федерација на новинарите (www.ifj.org ) e најголема организација на новинари во светот, односно преставува околу 600 000 членови од повеќе од 100 земји.

Основачкото собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се одржа на 12 ноември во Скопје, а официјалниот процес на регистрација заврши во декември.


Солидарност со колегите од Хрватска и Србија

Април 3, 2011

Членовите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, учесници на семинарот *одржан на 2 и 3 април 2011 во Скопје, изразуваат солидарност со новинарите од Вечерњи лист од Загреб,Хрватска кои штрајкуваат поради колективниот договор, како и со колегите од РТВ5 од Ниш и неделникот Светлост од Крагујевац, Србија кои штрајкуваат заради неисплатени плати.
Воедно, учесниците на семинарот упатуваат иницијатива до синдикатите на новинарите и медиумските работници во државите од регионов за воспоставување поцврста соработка за заштита на своите членови. Со оваа иницијатива ќе биде запознаена и Меѓународната федерација на новинари чија што помош ја очекуваме во нејзината реализација.

*Семинарот е реализиран со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт


Информација за дводневен семинар- работилница на ССНМ

Април 1, 2011

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) организира семинар- работилница чии главни цели се подигнување на синдикалната свест, запознавање со работничките права и воспоставување на соработка со сродните синдикати од регионов. Семинарот ќе се оддржи во сабота и недела (2 и 3 Април) со почеток во 9.30 часот во хотел Континентал во Скопје. Гости тренери се Маринка Бољковац, генерален секретар на Синдикатот на новинари на Хрватска, Драгана Чабаркапа, претседател на Синдикат на новинари на Србија и Маре Анчева од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија . За тоа што досега сработел ССНМ ќе зборува претседателот на синдикатот Тамара Чаусидис.
Семинарот е финански поддржан од фондацијата Фридрих Еберт.
Предавачи/тренери: Маринка Бољковац, Синдикат на новинари на Хрватска
Драгана Чабаркапа, Синдикат на новинари на Србија
Маре Анчева, Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија

2. април 2011 (сабота)
9.30-10.00 Отвoрање: Претставување на учесниците и предавачите
Претставување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје
10.00-11.30 Зошто на новинарите и медиумските работници им треба Синдикат и каков? – Маринка Бољковац, Синдикат на новинари на Хрватска
Како да се почне од “нула“ и да се изгради сериозен синдикат за одбрана на интересите на членовите – Драгана Чабаркапа, Синдикат на новинари на Србија
Што направивме во нашите први три месеци- Тамара Чаусидис, Синдикат на новинари и медиумски работници Македонија
Прашања и дискусија
11.30-11.45 Пауза
РАБОТЕН ДЕЛ:
11.45-13.00 Мобилизирање на членството за активно учество во акциите на Синдикатот – изградба на свеста дека „сите сме Синдикат“– Маринка Бољковац, Драган Чабаркапа
Прашања и дискусија (модератор:Саше Димовски)
13.00-14.15 Колективните договори – главно оружје на Синдикатот – содржина и цели – Маринка Бољковац, Драган Чабаркапа
Прашања и дискусија (модератор:Сефер Тахири)

14.15-15.00 Пауза за ручек
15.00- 16.15 Техники на колективното преговарање – Маринка Бољковац, Драган Чабаркапа
Прашања и дискусија

3. април 2011 (недела)
9.00-10.30 Правата од работен однос во Законот за работни односи – Маре Анчева
Прашања и дискусија (модератор :Сузана Бабунска)
10.30-10.45 Пауза
10.45-12.30 Синдикатот во медиумите. Положбата и функцијата на синдикалниот претставник според Законот за работни односи – Маре Анчева
Прашања и дискусија (модератор:Драган Антоновски)
12.30-12.45 Пауза
12.45-14.00 Соработка со други синдикати во регионот и пошироко – како да се искористат искуствата на колегите и да се делува координирано во солидарни акции – Маринка Бољковац, Драгана Чабаркапа . Усвојување Декларација за поддршка на СНХ
Прашања и дискусија: (модератор:Тамара Чаусидис)
Оценка на семинарот
14.00-15.00 Ручек (факултативно)


Стартуваа разговорите со МПМ

Март 25, 2011

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, заедно со синдикалните претставници на дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и неделникот „Теа модерна“, започна социјален дијалог со претставници на раководството на „Медиа принт Македонија“, кој е дел од Групацијата ВАЦ. На оваа, втора официјална средба, по неодамнешната со генералниот менаџер на „МПМ“ др. Срѓан Керим ,е договорен почетокот и чекорите кои треба да се преземат во процесот на преговарање за потпишување на колективен договор за правата и обврските на вработените во сите делови на компанијата . Притоа, повторно беше потврден и ставот, односно преземената обврска на раководството на МПМ дека Синдикатот ќе биде информиран и вклучен во процесот на донесување одлуки околу идните промени кои се однесуваат на правата од работен однос на нашите членови во медиумите на МПМ, особено по информациите за можни рационализации во компанијата.
ССНМ го поздравува ставот на работодавачот да започне ваков дијалог со претставници на вработените, со што стана прв меѓу приватните медиумските куќи, но прв и меѓу медиумите во Македонија кој го препозна значењето на социјалниот дијалог како алатка за одредување на ефектни политики за решавање на економските и социјални проблеми во рамките на компанијата. Задоволни и мотивирани вработени се еден од главните услови за добро работење на секој медиум.
ССНМ ги повикува и другите сопственици на медиумите да го следат примерот на МПМ за да се регулираат правата и обврските на новинарите и медиумските работници согласно законските прописи.
Воедно, ССНМ повторно упатува повик до сите новинари и други вработени во медиумите да ни се приклучат за да можеме легитимно и заеднички да ги браниме нашите права зашто само масовноста може да обезбеди социјален дијалог со работодавачите. Всушност ги повикуваме да го следат примерот на колегите во „Дневник“, „Теа модерна“ „Утрински весник“ и „Вест“ во кои 90 отсто од вработените се наши членови.
Само така можеме да се избориме за воведување законско работење во медиумската сфера од што не зависи само нашата егзистенција, туку и професионалноста во извршување на обврската и отпорноста на сите видови притисоци на кои сме изложени.


Средба со колегите во Штип

Февруари 22, 2011

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, ССНМ, во сабота на 19.02.20011 во хотелот Ваго во Штип организираше кафе средба, неформален состанок со новинарите и сите медиумски работници на која се разговараше  за ширење на мрежата на синдикално организирање во овој дел од земјата, напорите што ги прави ССНМ за промена на одредени негативни состојби во новинарството, од аспект на плати, придонеси, нерегулиран дописнички статус, потпишување на грански колективни договори и други права предвидени во Законот за работни односи.

фото:Зоран Маџовски

This slideshow requires JavaScript.